22 годишната Македонка, Симона Зафировска, е осудена на доживотен затвор за сурово убиство на нејзината мајка Радица Зафировска (56). Таа ја убила со повеќе удари во главата додека Радица спиела во нивниот дом во Бризбејн. Убиството се случило во 2016 година, но при првото сослушување , Симона успеала кусо да ја залаже полицијата со приказна дека крадци ги нападнале ноќта, дури лажирала и кражба во домот. Но, само по неколку дена била уапсена со обвинение за сурово убиство.

Симона е посвоена од страна на Радица пред дваесетина години во Македонија, а потоа ја однела заедно со неа во Австралија, каде живееле заедно сѐ до убиството.

Соседите раскажуваат со пофални зборови за Радица, ја опишуваат како добра личност и мајка. Но, Симона сурово ја убила на 28 октомври 2016 година. додека несреќната жена спиела.

Судот во Бризбејн беше неверојатно строг кон Симона Зафировска, прогласувајќи ја за суров убиец. Ја прашаа како можела да спие после убиството, ако знаела дека и нанела смртоносни удари на нејзината мајка додека и таа спиела, ѝ го скршила черепот и предизвикала крварење во мозокот.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.