Носењето на крст е еден од најраспространетите ритуали за среќа и благосостојба, во христијанскиот свет. Крстот важи за најсилната амајлија за сите христијани, а вернците во цел свет го носат со надеж дека тој ќе ги заштити oд сите непријатности во живтот.

Покрај заштитата од непријатностите, се верува дека крстот има и други силни влијанија врз луѓето кои го носат.

Најпопуларните верувања за носењето крст

Според верувањата, амајлијата со крст е показател за душевната состојба на сопственикот кој ја носи. Исто така, не се препорачува да носите туѓ крст, бидејќи во тоа би значело да ги преземете гревовите на сопственикот, во моментот кога ќе крстот ќе го поставите на себе.

Од истата причина, не се препорачува да носите крст кој сте го нашле на патот, бидејќи во спротивно, ќе ги привлечете болестите и сиромаштијата во вашиот дом.

Доколку крстот започне да потемнува, тоа значи дека личност од вашето блиско опкружување има негативно влијание врз вас.

Доколку пак самиот ланец на амајлијата, на кој го носите крстот се скине, тоа укажува дека некој се обидува да ви направи магија. Внимавајте да не го загубите крстот, бидејќи тоа би значело дека непријатности ве очекуваат во блиска иднина.

Се подразбира, сите овие чудесни својства на крстот важат единствено и само, доколку истиот е осветен во црква, а не само купен од продавница.

Исто така, доколку ја загубите вашата амајлија со крст или забележите дека потемнела, ќе успеете да се ослободите од негативното влијание и непријатните последици, доколку отидете во црква, запалите свеќа и замолите вашиот крст повторно да биде осветен.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.