Денешниот ден е третиот понеделник во јануари и се нарекува „тажен понеделник“ – се смета дека е најдепресивниот ден во годината.
Ваквата депресивност се смета дека е предизвикана од постпразничната криза, вината од непочитувањето на новогодишните одлуки, студеното време и други фактори.
Некои сметаат дека „тажниот понеделник“ е мит, други тврдат дека се навистина нерасположени и депресивни на тој ден. Оваа година, „тажниот понеделник“ за многу луѓе ќе биде уште потежок бидејќи се случува во време на пандемија, кога во многу земји уште се на сила рестриктивни мерки како локдаун.
На луѓето кои во овој период ги зафаќа депресија, летаргија и безволност, им се препорачуваат неколку работи. Меѓу другото – вежбајте и волонтирајте.
Вежбањето е фантастично затоа што телото го ослободува хормонот на среќа. Не мора да вежбате во теретана, доволно е само да ја зголемите физичката активност со одење или некоја друга форма на движење, вели за BBC д-р Филип Кларк од Универзитетот во Дерби.
Поентата на волонтирањето, пак, е да давате наместо да земате.
Ова е добар начин да се чувствувате посреќни без никакви финансиски инвестиции, истакнува д-р Кларк.
На овој ден можете да испланирате забавна активност, како што е филмска вечер со партнерот или семејството, да најдете време за чистење или да изберете храна за подобрување на расположението, како авокадо и јаткасти плдови кои се богати со здрави масти, или темно чоколадо што содржи моќни антиоксиданти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.