Комичарот Џорџ Карлин е познат по паметот, по настапи полни со пцости поради кои стигнал и до Врховниот суд и по фактот дека секогаш зборивал што мисли без оглед на последиците. Умрел пред 10 години, а неговите критики на општеството се подеднакво живи и денес како и тогаш.
- Еве што треба да знаете за мажите и жените – жените се луди, а мажите глупи. А главна причина што жените се луди е тоа што мажите глупи.
- Војна за мир е како ебење за невиност.
- Дали си забележал дека секој кој вози побавно од тебе е идиот, а секој кој вози побрзо – манијак?
- Зошто го викаат „американски сон“ – зашто мораш да спиеш за да веруваш во него.
- Никогаш не потценувај ја моќта на глупите луѓе во големи групи.
- Ако навистина сакате да им помогнете на децата, оставете ги на мир.
- Секој трети на планетата има некоја психолошка болест. Еве, земете ги двајцата најдобри другари. Ако со нив сè е во ред, тогаш мора вие да сте третиот.
- Планетата е во ред, луѓето се сјебани.
- Кажи им на луѓето дека на небото има невидлив човек кој го створил светот и повеќето ќе ти поверуваат. Кажи им дека бојата не е сува и ќе пипнат за да се уверат.
- Мислам дека пораките за предупредување на етикетите за алкохолни пијалаци се слаби. Би требало да се повпечатливи. Предлагам: „Алкохолот ќе те претвори во ист ркаџија каков што беше татко ти“.
- Не се расправај со идиот. Само ќе те спушти на свое ниво и ќе те победи.
- Не давајте ѝ пари на црквата. Тие би требало да ви ги даваат нивните пари вам.
- Ако насмевката ти е чадор, дожд ќе ти го измие лицето.
- Во секој циник лежи разочаран идеалист.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.