Арчи Линдхерст, син на глумецот Николас Линдхерст, кој го глумеше ликот на Родни во серијата „Сплетки“(Only Fools and Horses), почина на 19-годишна возраст.
Арчи кој по стапките на татко му започна актерска кариера, почина по кратко боледување. Бил пронајден мртов во неговата куќа во Фулам на 22 септември, но информациите во јавноста стигнаа дури денеска.
Обдукцијата треба да се изврши следната недела, но сè укажува на тоа дека се работи за природна смрт, пренесува Индепендет.
Тинејџерот глумел од неговата десетта година. Се појавил во хит-шоуто ‘So Awkward’ и во серијата „Bad Education’ пред шест години.
Родни од славните „Сплетки“, Николас Линдхерст и неговата сопруга Луси Смит се во брак 21 година, а Арчи беше единствено дете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.