Патничка била заврзана со самолеплива лента за авионското седиште, а залепена ѝ била и устата, откако наводно го нападнала екипажот и се обидела да ја отвори вратата на авионот сред лет.

Инцидентот се случил на летот 1774 на „Американ ерлајнс“, кој патувал од Далас-Форт Ворт, Тексас до Шарлот, Северна Каролина во вторникот.

Според „Бизнис инсајдер“, метежот започнал еден час по полетувањето кога наеднаш сите стјуардеси почнале да трчаат нагоре и надолу по патеките, избезумено шепотејќи меѓусебе. Екипажот ги заклучил и тоалетите, не кажувајќи што точно се случува. Пилотот конечно преку интерфонот ги замолил останатите патници да останат на своите места поради „ситуација“, но не дал повеќе детали.

Една од стјуардесите кончно им објаснила дека патничка почнала да ги напажа и да се заканува, а подоцна еден од патниците и ја снимил.

Патничката се обиде да отвори една од вратите во авионот, а потоа физички ја нападна, гризна и повреди една од стјуардесите. Го поздравуваме нашиот екипаж за нивната професионалност и брзото делување да ги заштитат останатите патници во авионот, порачал портпарол на американската авиокомпанија за „Бизнис инсајдер“.

Жената долу била пречекана од полиција и Брза помош, по што веднаш била пренесена во локална болница, поради лошата психичка состојба. Авиокомпанијата ја стави на список за забранети летови додека трае истрагата.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.