Пет алпинисти го изгубија животот на највисоката планина во Европа, Елбрус, во Северен Кавказ во Русија, а единаесет други завршија во болница.
Оваа трагедија се должи на бурата, која се појавила неочекувано и како што пренесуваат официјалните претставници, одеднаш.
Алпинистите викнале помош во четвртокот, после 17 часот. Биле спасени 14 лица, од кои единаесет завршиле во болнница.
Согласно информациите на надлежните органи, планинарските спасувачи спуштиле 14 алпинисти во долината Азау. Процесот на спасување се одвивал во многу тешки услови, а несреќата се случила на надморска височина, повисока од 5.000 метри.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.