За влез во Република Грција од 17 август, не e потребен негативен ПЦР-тест само за возачи на товарни моторни возила, информираат од МВР.
МВР вчера соопшти дека од понеделник 17 до 31 август 2020 часот, на граничниот премин „Евзони”, се воведува нов протокол според кој, само во периодот од 6 до 22 часот по македонско време, влез во Грција ќе може да остварат само грчки државјани, државјани на трети земји кои имаат регулиран престој во Грција, EULEX-дипломатски персонал и членови од нивните семејства, лица кои патуваат од медицински и бизнис причини, а кои претходно биле најавени и добиле одобрување за патување од Aмбасада на Република Грција во странство, како и возачи на товарни возила.
Објавата на Министерството за внатрешни работи следи по добиените информации од страна на грчката гранична служба од граничниот премин „Евзони” за новиот протокол за влез во Грција на истиот премин.
Сите овие лица за да остварат влез во Грција на преминот „Евзони” потребно е да приложат негативен ПЦР-тест за Ковид-19 од сертифицирана лабораторија на англиски јазик, не постар од 72 часа, се наведува во соопштението на МВР и додаваат дека останува обврската за претходна електронска најава и добивање на PLF документ.
Comments are closed for this post.