Со одобрување на се повеќе вакцини против Ковид-19 и се повеќе вакцинирани лица низ земјите-членки на ЕУ и Шенген-зоната, потребата да им се дозволи патување на оние кои се вакцинирани се повеќе се актуелизира.
Таканаречените „пасоши за вакцинација“ или „сертификати за вакцинација“ привлекоа големо внимание во последните неколку недели, откако неколку од земјите-членки предупредија дека ќе започнат да им ги издаваат на своите граѓани, така што оние кои се вакцинирани против Ковид-19 имаат доказ за тоа.
Идејата за такви документи е поддржана дури и од Европскиот совет, иако на последната сесија на советот беше заклучено дека сега е рано да се одлучува за што вакциналните сертификати може да се користат.
-Лидерите се согласија да работат на стандардизирана и интероперативна форма на доказ за вакцинација за медицински цели. Лидерите ќе утврдат во подоцнежна фаза во кои околности овие сертификати може да се користат, забележа Советот во соопштението за јавноста од 21 јануари, откако грчкиот премиер го покрена прашањето на видео состанокот.
Претходно, Претседателот на Комисијата на ЕУ Урсула фон дер Лајен ја поддржа идејата за заеднички сертификати за вакцинација, кои можат да бидат креирани од ЕУ, и издадени од земјите-членки на секое лице кое се вакцинира против Ковид-19.
Во продолжение, погледнете го списокот на земји на ЕУ и Шенген зоната кои предупредија дека или планираат воведување на овие сертификати или планираат да дозволат влез без ограничувања за оние кои поседуваат вакви документи, како и за оние кои покажаа поддршка само за сертификатите до сега.
-Кипар, Чешка, Данска, Естонија, Грција, Унгарија, Исланд, Италија, Полска, Португалија, Словачка, Шпанија, Шведска, стои во гласилото на ЕУ, Шенгенвизаинфо.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.