Во време кога патувањето ни е многу ограничено, стигнува вест дека некаде сме добредојдени – но само ако сме прележале ковид-19.

Премиерката на Исланд, Катрин Јакобсдотир најави дека од 10 декември во нивната земја добредојдени ќе бидат сите луѓе кои што прележале коронавирус. Доволно е само да приложат документ дека имаат антитела во своето тело и нема да мора да одат во карантин, ниту пак да прават ПЦР тест.

Премиерката изјавила и дека се надева дека развојот на ефикасните вакцини ќе помогне да се променат мерките за заштита од коронавирусот веќе во првите седмици од месец јануари.

Исланд моментално од посетителите бара 14 дена по доаѓањето во нивната земја да бидат во карантин или пак двапати да се тестираат – првиот пат при влегување во земјата, а потоа следи карантин пет-шест дена и потоа повторно тестирање.

Интересно е тоа што на оние луѓе кои што се во карантин на Исланд дозволено им е да посетат некои туристички атракции, но тоа мора да го направат сами.

Исланд ги затвори популарните базени, а на рестораните со дозвола за продавање алкохол дозволено им е да работат до 21 часот. Заштитните маски се неопходни насекаде каде што држењето на дистанца од два метри е невозможна.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.