Охрид е преполн со туристи, посебно сега, за Илинден, кога има продолжен викенд. На социјалните мрежи постојано се објавуваат фотографии од плажите.
Фотографиите направени на плажата Градиште, покажуваат дека врие како во кошница. Луѓето безгрижно седат еден до друг, без почитување на никакви заштитни мерки.
Инаку во периодот од 25 до 31 јули, податоците од Центарот за јавно здравје велат дека во Охрид има 84 активни случаи, додека пак во соседна Струга 195 активни случаи. Вкупно тоа се 279 активни случаи до вчерашниот ден.
фото: Женски магазин
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.