Италијанскиот национален парк Чинкве Тере воведува казни од 50 до 2.500 евра за туристите ако носат влечки или сандали.
Секаде во околината ќе бидат поставени плакати и летоци на кои ќе стои висината на паричната казна, а на интернет страницата на која заинтерисираните ќе можат да купат билети за влез во паркот, ќе бидат објавени јасни предупредувања.
Казните се воведени по иницијатива на припадниците на горските служби за спасување, кои алармирале дека во последно време туристите што ги спасуваат се несоодветно облечени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.