Ако имате доволно пари, навистина може да бидете граѓанин на светот.
Купување на втор, па дури и трет пасош е тренд меѓу богаташите. Но, не е секому достапно. Станува збор за „државјанство во замена за инвестиција“ и е дозволено во голем број земји ширум светот. Земјите кои се вклучени во оваа програма сакаат да регрутираат богати странски инвеститори за да ја поттикнат локалната економија.
Па така, пасош може да чини од 3.000 долари годишно на Тајланд до инвестиција од милион долари во САД за патна исправа од оваа земја. Во Антигва, Сент Китс и Невис или Света Луција пасошот чини меѓу 100 и 150 илјади долари. Малта, како членка на ЕУ бара еден милион евра за пасош кој подоцна ви отвора многу врати во светот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.