Еден Британец е уапсен откако ги крадел лозинките на вработени во туристички заедници и си резервирал патувања низ цел свет во вредност од 44 илјади фунти.

Адам Грифитс (27) ги посетувал туристичките агенции и се распашувал за цените на аранжманите, а притоа многу внимателно следел што прават вработените и им ги крадел лозинките. Потоа успевал да се логира во нивните системи и си резервиал патувања ширум светот. Од патувањата објавувал фотографии на фејсбук и се фалел.

Па така си резервирал одмор во супер луксузниот хотел „Бурж ал Араб“ и лет со прва класа, патување на Сејшели за себе и за пријател, како и многу други дестинации.

На суд, одбраната тврдела дека тој по грешка резервирал патување кое подразбирало само појадок, наместо ол-инклузив, а бидејќи е невработен и имал само едно фунта, гладувал за да го издржи патувањето до крај.

Момчето добило казна затвор од две и пол години.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.