Можете ли да претпоставите што значат имињата на некои главни градови во светот? Откријте кое е нивното значење и од каде потекнуваат имињата.
Амстердам главниот град на Холандија оригинално е изграден на брана (eng.dam) на реката Амстел, по што го добил името.
Буквален превод на името Абу Даби е „газелин татко“ (Обединети Арапски Емирати), а името на најголемиот град во земјата – Дубаи на арапски значи „мал скакулец“.
Иако Саудиска Арабија е земја со многу песочни дини, името на нејзиниот главен град Ријад потекнува од зборот „rawdah“ што значи „ливада“.
Сингапур го нарекуваат град на лавот затоа што „синга“ значи „лав“, а „пура“ означува „град“.
Пекинг (Bejing) е „главен град на северот“, затоа што доаѓа од кинескиот збор „bej“ (север) и „jing“ (главен град).
Праведни (добри) ветрови е превод на шпанското име Буенос Аирес.
Името на градот Виена потекнува од келтскиот збор „windo“, што значи светло, односно бело.
Животот во главниот град на Чешка е забрзан. Тоа го докажува и неговото име „Praha“, што на чешки значи „(за)брз(ан)“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.