Додека животот ширум Европа е речиси потполно блокиран поради коронавирусот, во Шведска рестораните и фризерските салони се отворени и тие привлекоа туристи.
Така, вработена во фризерски салон во Стокхолм вели дека и стигнала муштерија дури од Швајцарија. Авинската карта чинела дури 2.000 евра а платила за во Стокхолм, во фризерскиот салон, да си ја обои косата и направи фризура.
Беше многу среќна што си ја среди косата – рекла фризерката.
Веб-страницата aftonbladet.se тврди дека Данците доаѓаат во Малме за да ја поправат косата или да купат нешто. Пет фризерски салони го потврдија приливот на клиенти од Данска.
Инаку, шведската влада во четврток ја продолжи забраната за влез во земјата до 15 мај, но таа не важи за државите од ЕУ и за Велика Британија, Норвешка, Исланд, Лихтенштајн и Швајцарија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.