Здравјето на гостите и персоналот е пред сè велат од пабот „Алијанс“ во западна Ирска, во кој посетителите ќе мора да се тестираат со брз ковид-тест пред да можат влезат, пренесува „Ајриш Мирор“.
Сопственикот на пабот, Донал Бирн на „Фејсбук“ објави дека влезот ќе му биде дозволен само на редовните посетители и само ако се негативни на корона, но додава дека ќе може да пијат и додека ги чекаат резултатите од тестирањето.
Посетителите ги сносат трошоците за тестирањето кое чини 10 евра и може да се тестираат меѓу 17 и 19 часот.
Трошоците за тестирањето се поголеми од тоа, но „Алијанс“ со задоволство ќе ја плати разликата за да бидеме сигурни дека нашите вработени и гостите се безбедни и здрави, напиша Бирн на Фејсбук.
Според правилата што во моментот се на сила во Ирска, на пабовите каде не се служи храна не им е дозволена работа, а „Алијанс“ не е меѓу нив.
Бирн вели дека ниту служи, ниту планира да служи храна.
Не служам храна. Како што знаеме, храната не го сопира Ковид-19, вели тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.