Бодрум градот сместен на истоимениот полуостров во југозападниот дел на Турција на брегот на Егејското Море, во провинцијата Мугла, е вистински туристички бисер со долга историја и традиција.

Елегантен, луксузен и модерен со бројните прекрасни плажи, бистро море и мека клима, тој е турскиот Сент Тропе. Посакувана дестинација  за турската елита, но и за светскиот џет сет. Близу неговиот брег со три марини, често може да се забележат јахти на светски познати личности и тајкуни, а во неговите води допловуваат и големите прекуокенаски крузери. Градот нуди бројни културни содржини со галериите и колонии и одишува со боемска атмосфера. Но препознатлив е и по забавите и ноќниот живот со мноштво ресторани барови, дискотеки, кој трае до раните утрински часови.

Сепак, поради пандемијата со коронависусот и Бодрум годинава бележи помала посетеност. Турција  е една од ретките држави која дозволува влез без ПЦР-тестови и воедно промовира безбеден туризам со низа мерки кои на странските посетители и туристи треба да им обезбедат најдобра можна превенција. Станува збор за сертифицирана програма која е подготвена од турското Министерство за култура и туризам во соработка со други министерства, а која се однесува на сместувањето, храната и пијалоците и транспортниот систем. Програмата вклучува основни правила во однос на хигиената и социјалната дистанца за сите фази од патувањето со низа дефинирани мерки кои треба да обезбедат максимално здрава и безбедна околина за посетителите.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.