Владата на Република Србија на последната седница донесе одлука за дополнително зголемување на цената на патарината за сите категории на возила. Висината на поскапувањето изнесува 1,8%, а истото се правда со порастот на стапката на инфлација.
Танјуг пишува дека возачите сега ќе плаќаат од 10 до 30 динари повеќе, а најголемо поскапување во апсолутна вредност има кај камионите чиј возачи сега ќе плаќаат од 50 до 160 динари повеќе.
Висината на патарините и натаму ќе се пресметува по поминат километар. Така за првата А категорија новата цена по поминат километар ќе изнесува 2,073 динари, за првата категорија 4,146 динари, третата категорија возила по поминат километар ќе плаќа 6,219 динари додека четвртата 12,438 динари, соопштија од Путеви Србија.
Од Прешево до Белград патарината за автомобилите сега ќе изнесува 1.490 динари. Од Белград до Димитровград ќе изнесува 1.310 динари, а од Белград до Суботица 640 динари.
извор: 24ауто.мк
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.