Македонците во Црна Гора може да патуваат само со лична карта, што само по себе е голема поволност, зошто патни исправи се потребни само за децата. Годинава, пак, за разлика од други места, за влез во земјата не треба да се приложат ниту доказ за вакцинација, ниту негативен ПЦР тест.

А, што нè очекува таму?

Цените за сместување на црногорското приморје се пониски за 10 до 30 проценти во споредба со претходните години, пренсува „Србија данас“.

Според црногорските туристички работници, цените во Будва се многу поповолни од останатите години, па ноќевање во приватно сместување, во зависност од категоријата, може да се најде и за 10 евреа по лице. Во екот на сезоната, во текот на јули, цената на ноќевање со појадок во хотел  со три ѕвезди се движи од 30 евра по лице па нагоре, а во хотелите со четири ѕвезди може да се најде и за 45 евра од ноќ. Полупансион во хотел со 5 ѕвезди, пак, може да се најде и за 75 евра.

Во Херцег Нови во текот на јули цената на ноќевање со појадок во хотелите со две и три ѕвезди се движи помеѓу 20 и 35 евра, а со доплата од 3 до 7 евра по лице добивате полн или полупансион. Во хотелите со 4 ѕвезди полупансион чини од 40 до 60 евра, а во хотелите со 5 ѕвезди, цените се движат помеѓу 95 и 115 евра по лице за ноќевање со појадок и за сите дополнителни услуги. Што се однесува до приватното сместување, просечната цена за двокреветен стан е околу 30 евра.

Овие цени се и пониски во помалку популарните туристички места.

Туристите кои моментално се наоѓаат во Црна Гора велат дека сè уште нема многу гужва, но дека плажите стануваат сè пополни. Две лежалки со чадор на попопуларните плажи чинат од 7 до 10 евра.

Цените во рестораните и кафулињата се слични на оние во Скопје, додека во маркетите се малку повисоки.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.