Дождот кој утрово паѓаше на грчкиот полуостров Халкидики на кратко ги уплаши и угостителите и посетителите на плажите ширум солунскиот регион и краците, но после облаците пристигна вистински летен ден, јавува екипата на српски „Блиц“. Според српските новинари, иако туристичката сезона во Грција официјалнот започна во саботата, сепак, викендов грчките туристички места беа посетени само од локални туристи од Солун и рекот можеше да се види возило без грчки регистрации.

Во полн сјај грчката ривиера се очекува да заживее после 1 јуни, зошто дотогаш доста од кафулињата, рестораните и апартманите планираат да останат затворени.

Grčka, Pefkohori
(фото: РАС Србија)
Grčka, Pefkohori
(фото: РАС Србија)

Според него угостителите и годинава се веќе во загуба.

Секоја година го отворав ресторанот на 1 март, сега на 15 мај. Значи веќе изгубив два и пол месеци. Лани бев 50 отсто во загуба, што значи не ставив ни евро во џеб. Годинава мора да биде подобро. Очекувам значително повеќе странски туристи на крајот од крајот на мај, вели тој за српските репортери.

Работното време во угостителските објекти во Грција е ограничено до пола час по полноќ, но музиката не е дозволена. Маките се задолжителни и на отворено и на затворено, освен во кафулињата и во рестораните додека се јаде или пие. И посетителите на плажите, исто така, не носат маски. Засега лежалките се бесплатни, а соковите во просек се наплаќаат по 4 евра.

(фото: РАС Србија)


Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.