Домашни туристи кои уплатија арамжман за Египет и чекаа од ноќеска на Скопскиот аеродром после 10 часот полетаа кон Хургада.

Според инфорамциите на веб страницата на Меѓународен аеродром Скопје, полетале во 10 и 44 часот со авион на „Флај 2 Скај ерлајнс“.

Туристите требало да полетаат ноќеска на полноќ, со одложување дека тоа ќе се случи во 2:30, па во 5:00 часот, и во 7:00 часот.

Аранжамот го уплатиле преку неколку туристички агенции.

Случајот не беше пријавен во Државниот пазарен инспекторат.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.