Најголем број на македонски туристи во Грција одат со возила па затоа сите ги интересира колку е цената на патарините кај јужниот сосед. Веднаш штом ќе влезете во Грција преку преминот Евзони, на околу 500 метри од границата, ќе наидете на првата патарина во Грција каде патарината за моторни возила е 1,80 евра (во еден правец).
Патарина на обиколницата во Солун (општина Ореокастро)
Цената на патарината за автомобили е 0,50 евра, за мотоцикли 0,30 евра.
наплатна рампа Аспровалта
Возачите на патарина во Аспровалта сега плаќаат 0,60 евра за мотоцикли, 0,90 евра за автомобили и 2,30 – 3,20 евра за големи возила.
Од Солун до Халкидики нема наплата на патарина.
Растојание и цени на патарина Солун – Атина
Растојанието од Солун до Атина е 499 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа и 20 минути.
Од Солун до Атина има 11 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 31,35 евра.
Цени на патарина и растојание до Лефкада
Од граничниот премин Евзони до Лефкада растојанието е 415 километри, а патувањето со автомобил трае околу 5 часа.
Од Евзони до Лефкада има 8 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 14,65 евра.
Цени на патарина и растојание до Тасос
Од граничниот премин Евзони до островот Тасос растојанието е 258 километри, а патувањето со автомобил трае околу 3 часа.
Од Евзони до Тасос има 5 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 7,40 евра.
Цени на патарина и растојание до Парга
Од граничниот премин Евзони до Парга растојанието е 386 км, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа.
Од Евзони до Парга има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра.
Цени на патарина и растојание до Крф
Од граничниот премин Евзони до островот Крф растојанието е 367 километри, а патувањето со автомобил трае околу 4 часа и 10 минути.
Од Евзони до Крф има 7 наплатни пунктови, а вкупната патарина е 10,60 евра.
Горивата во Грција се значително поскапи отколку во Македонија и се движат о 1-95 за безнин и 1.63 евра за дизел.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.