Како лулка на многу цивилизации и религии, Азија отсекогаш привлекувала патници, авантуристи и туристи, кои се заинтригирани од нејзината разновидна култура, величествените архитектури и некогашните средишта на моќ.

Ова се четири храмови во Азија што апсолутно вреди да се посетат.

Боробудур, Индонезија

Изграден во Средна Јава, во 9. век, овој колосален комплекс кусо потоа бил напуштен и неколку векови празен. Повторно бил откриен дури во 19 век.

Ват Ронг Кун, Тајланд

„Белиот храм“ во Муанг Чијанг Рај е нов, приватен дворец, дизајниран од тајландски визуелен уметник.

Некои негови делови се сѐ уште недовршени, а се очекува работите да привршат за околу 50 години.

Храмот Ранганатасвами, јужна Индија

Ова здание со светли бои е веројатно најголемиот хиндуистички храм на планетава.

Хинду фестивалот што се одржува таму во декември привлекува повеќе од милион посетители секоја година.

Паро Такстанг, Бутан

Единствениот начин на кој може да се стигне до ова свето место на Хималаите е со јавање коњ или пеш.

Со право се смета за еден од најголемите архитектонски скапоцености во Азија.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.