Од Државниот пазарен инспекторат велат дека за случајот со 12 македонски државјани кои се оставени на улица во Кападокија, Турција слушнале од ТВ24, по што доставиле предлог до Министерството за економија за одземање на лиценцата на туристичката агенција „Орфеј“.
Директорот на ДПИ, Стојко Пауновски за ТВ24 вели дека нон-стоп имаат проблеми и претставки со оваа туристичка агенција. Дури пред 1.5 месец доставиле предлог опомена до Министерството за економија за одземање на лиценцата. Но, проблем било тоа што оваа агенција која е во сопственост на маж и жена ја затворале агнцијата на едно место, а додека на друго ја отворале повторно. Пауновски вели дека имале издадено многу решенија против агенцијата. До сега никогаш немала оставено туристи на улица и секогаш си ги плаќала казните и ги обештетувала туристите.
Министерот за економија Крешник Бектеши во изјава за Тв 24 вели дека ако ДПИ утврди дека „Орфеј“ измамила 12 македонски туристи на улица во Кападокија веднаш ќе формира Комисија и ќе ја одземе лиценцата за работа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.