Грчките власти ги објавија новите услови за патување внатре во земјата, кои подразбираат одредени рестрикции за пативање на осровите во земјата.
За патување на островите во соседна Грција, од 5.јули, за секој возрасен ќе биде потребен сертификат за примена вакцина против ковид вирусот, или потврда за прележан Ковид-19, негативен ПРЦ текст не постар од 72 часа или негативен резултат од брз тест во последните 48 часа.
Нови правила има и за децата од 12 до 17 години.
Децата од 12-17 години треба да поседуваат било каков доказ од горенаведените или тест за самоевалуација. Децата до 12-годипна возраст внатре во Грција може да патуваат слободно.
За враќање од островите се препорачува да се направи самопроценка за сите деца помали од 12 години.
Од овие услови се изземени островите Евиа, Лефкада и Саламина.
Во Грција во последните 24 часа се регистрирани нови 761 заразени од Ковид и 4 смртни случаи. Загрижува што во оваа земја расте бројот на заразени од новио опасен делта сој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.