Владата на Црна Гора донесе мерки кои ќе важат од денеска до 20 август.
Влегување во внатрешноста на рестораните, како и ноќните клубови и дискотеки е дозволено со еден од следните четири докази – дека лицето е целосно имунизирано или примило прва доза, да има негативен ПЦР тест, не постар од 72 часа, доказ дека ја прележал болеста, доказ за негативен брз антиген тест, не постар од 48 часа.
„Еден од овие услови мора да исполнуваат и сите вработени во угостителството“ изјави директорот на Институтот за јавно здравје (ИЈЗ) на Црна Гора, Игор Галиќ.
Сопствениците на објектите се должни да назначат лице кое ќе го контролира поседувањето докази за имунизација или негативни тестови.
Малолетниците не се обврзани да ги исполнуваат овие услови, освен кога влегуваат во дискотеки или ноќни клубови.
Под истите услови, дозволено е присуство на спортски настани на отворено и затворено. Масовните собири и фестивали што не можат да се контролираат во ограничен простор се одложуваат до 20 август.
Предходна статија
Нов пожар во Грција, евакуир
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.