Во центарот на законот за вселување на стручна работна сила се стручњаците, односно квалификувани работници од земјите кои не се членки на ЕУ. Ова за „Дојче веле“ го изјави Штефан Мајер, секретар на Министерството за внатрешни работи на Германија, кој зборуваше за новиот закок и како да се постапува кога ќе стапи на сила, а се уште ќе важи и правилото за Западен Балкан.
Според него, во многу сегменти забележан е недостаток на стручњаци и затоа ќе се овозможи вселување во германија заради вработување – како и доаѓаер во цел наоѓање работно место и место за стручна обука. СО овој закон прв пат се воведува едниствен поим за стручњаци односно квалификувани работници.
Во иднина, повеќе нема да се применува правилото според кое предност при вработувањето ќе имаат државјаните на Германија или некоја друга земја на ЕУ. Исто така, се укинува и листата на таканаречени дефицитарни професии па сите групи вработени ќе се третираат на ист начин.
На некој начин, граѓаните од Западен Балкан се привилегирани, вели тој за „Дојче веле“
Оној кој ги исполнува условите за вселување според двете правила може да го избере она кое за него е поповолно. Ако некој не ги исполнува условите за вселување според новиот закон, тогаш за него постои можност за вселување во Германија врз основа на правилата за Западен Балкан.
Правилото за вработување граѓани од Западен Балкан содржи и можност за вработување и полуквалификувани и неквалификувани работници. И тоа доведе обработката на податоците за неквалификуваните работници да трае предолго.
– Не би рекол дека во сите претставништва ќе дојде до метеж и застој – затоа што новиот закон целно се обраќа само на квалификувани работници – истакнува Мајер, но додава дека зајакната навалица на дипломатските претставништва не е исклучена.
– Во оваа прилика сакам да напоменам дека низ мерката за вработување граѓани од Западен Балкан во Германија дојде до голем број полуквалификувани и неквалификувани и во најголем број стари работници. Тоа буди сомнеж дека Германија може да се соочи со дополнителни оптоварувања во врска со пензиите на овие работници – предупредува Мајер.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.