Суд во Шпанија денеска пресуди дека правилото кое нискобуџетната авиокомпанија „Рајанер“ го применува за наплаќање рачен багаж е навредливо и повеќе не треба да се применува во таа земја. Таквото правило за наплаќање рачен багаж компанијата го воведе крајот на минатата година.

Пресудата е донесена откако патничка поднела тужба поради правилата воведени минатата година и дека повеќето патници плаќаат дополнително за внесување поголем багаж.

Во соопштение на „Рајанер“ се наведува дека пресудата нема да влијае врз правилата на Рајанер за багаж, бидејќи се работи за изолиран случај во кој погрешно се толкува пазарната слобода за одредување на величината на рачниот багаж.

На прашање дали тоа значи дека ќе ја игнорираат пресудата на шпанскиот суд или ќе се жалат до Европскиот за правда, „Рајанер“ одби да одговори.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.