Специјализираното списание за патување „Travel+Leisure” и оваа година направи листа на најубавите европски острови.
Интересна е целосната превласт и доминација на грчките острови, од кои дури 7 се најдоа во топ 20, а во листата се најде и еден хрватски остров кој се најде на 5-то место. Станува збор за островот Хвар.
Читателите на списанието го прогласија грчкиот остров Парос за најубав европски остров. Ласкавата титула, Парос ја освоил поради комбинацијата од прекрасни плажи, традиционална архитектура, сликовити села, археолошки наоѓалишта и богат ноќен живот.
Парос првото место оваа година го презеде од уште еден “Грк”, Милос, кој се најде на второто место, додека на третото место е италијанската Сицилија. По најголемиот италијански остров, се најдоа Азорските острови, Хвар и повторно – грчкиот Крит.
На седмото место е италијанскиот остров сместен близу Неапол – Искја. По неа следуваат Мајорка и Мадеира, а десеттото место повторно го зазедоа Грците – Родос и Додеканези.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.