Во понеделник повторно се отвора музејот Лувр во Париз, но со одредени ограничувања заради пандемијата со корона вирусот. Некои од деловите на најпосетениот музејски комплекс во светот и понатаму ќе бидат затворени за посетители.

Лувр е затворен на 13 март заради што музејот забележал загуба од повеќе од 40 милиони евра, изјави директорот на музејот Жан-Лик Мартинес.

Во најдобар случај ќе имаме 20 до 30 отсто посетители во однос на бројот кој го имавме минатото лето, а тоа е помеѓу 4.000 и 10.000 дневно, изјави тој.

Од 10 милиони посетители во 2018 година, речиси три четвртини се странски туристи кои сега ги нема, пренесува францускиот медиум РФИ.

Посетителите ќе мора да носат маски, а ќе немаат пресоблекувални ниту места за освежување, додека патот за посета ќе биде означен и тоа без можност за навраќање и одново разгледување на некои од уметничките дела.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.