Минатата година беше добра за сите љубители на патување со воз. Низ светот се отвораа нови брзи линии, се поврзуваа градови и се скратуваа растојанија. За патниците кои бараат алтернатива на летовите, брзата железница е одлично решение, пишува Си-ен-ен травел.
Гуангжоу – Шенжен – Хонг Конг експрес
Во септември беше отворен XRL или Гуангжоу – Шенжен – Хонг Конг експресна линија. Оваа линија од 26 километри го поврзува Хонг Конг со континентална Кина. Возовите поаѓаат од хонгконшката станица Вест Каулун и возат 44 дестинации. Наместо 2 часа, патувањето од Хонг Конг до Гуангжоу трае само 47 минути, а до Шенжен се стига за само 14 минути. Директна линија од Хонг Конг до Пекинг и до Шангај има еднаш дневно, трае девет часа до главниот град и осум часа до Шангај.
Станицата Вест Каулун има и граничен премин меѓу Хонг Конг и Кина, што значи дека патниците не мора да минуваат дополнителен преглед. Со дел од станицата управуваат властите од континентална Кина, па патниците кои доаѓаат од Хонг Конг мираат да имаат кинеска виза и потребни документи за да влезат на возот.
Тел Авив – Ерусалим
Исто во септември со елетрифицирана линија беа поврзани и Тел Авив и Ерусалим. Засега возот ги поврзува аеродромот „Бен Гурион“, сместен на околу 20 км југоисточно од Тел Авив, и станицата Ерусалим-Јутжак Навон. Патувањето трае околу 20 минути.
Кога ќе биде сосема довршена, директната линија од Тел Авив до Ерусалим ќе го скрати патувањето меѓу овие два града од 2 часа на помалку од 30 минути. Возовите ќе се движат со 160 км на час. Тоа ќе биде алтернативна рута на постоечката од Ерусалим до Јафа, на околу 6 км од Тел Авив, која трае час и 40 минути. Пригата требаше да биде отворена уште во 2008 година, но проектит постојано доцнел. Контроверзна е одлуката две секции на пругата, и тоа главно подземни, да се изградат низ Западниот брег, кој за меѓународната заедница е окупирано палестинско подрачје.
Брза линија Танжер – Казабланка
Официјално најбрзата железница меѓу мароканските градови Танжер и Казабланка беше отворена минатиот месец, а ги поврзува главниот град на Рабат и Кенигтра на северот на земјата. Со брзина од 322 км на час на пругата ќе сообраќаат француските возови на кат TGV.
Смесетен на северозападот на зсмјата Танжер традиционално бил мост меѓу Европа и Африка. Казабланка е најголемиот марокански град и седиште на стопанството. Двата града се оддалечени 340 км, а патувањето со новата пруга трае два часа. Со досегашната железница на истата линија се патувало пет часа.
Евростар Лондон – Амстердам
Евростар веќе долго нуди дневни линии од Лондо до континентална Европа: Париз (2.16 часа) и Брисел (нешто помалку од два часа). Од април 2018 година Евростар прв ги поврза со директна линија Лондон и Амстердам, а патувањето трае три часа и 41 минута. Возовите сообраќаат двапати дневно, но засега нема повратен воз во истиот ден. Британската и холандската влада не се договориле за граничната контрола, а договорот се очекува за крајот на 2019 година.
Баку – Тбилиси – Карс
Железничката пруга Баку – Тбилиси – Карс е отворена во 2017 година и ги поврзува престолнините на Азербејџан и Грузија со древниот турски град Карс. Долга е 826 км. Во текот на 2019 одина по оваа пруга ќе почнат да сообраќаат возови кои ќе превезуваат патници од Баку до Анкара и Истанбул, со што ќе стане првата директна линија меѓу Азербејџан и големите турски градови која не вклучува преседнунвање во Грузија. Прозиведувачот на вагоните и локомотивите тврди дека максималната брзина на возовите ќе биде 160 км на час.
Иако се уште не е објавено колку ќе трае патувањето, без сомнение оваа линија битно ќе го скрати растојанието во однос на постоечките врски. Засега од Баку до Тбилиси се патува 40 часа со многу застанувања, а од Баку до Истанбул со воз патот трае 3 дена.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.