Македонија е означена како земја со висок ризик за зараза од коронавирус и се препорачува да не се патува во неа. Оваа препорака е за патниците од Австралија, а ја препорачува австралискиот сајт „Смарт травел“.
Ако некој реши да патува, има препораки што да се прави и како да се однесуваат австралиските граѓани.
Потребен сертификат за вакцинација за посета на сите јавни места, или сертификат за прележаност, пишува на сајтот.
Можно е да се појават граѓански протести, кои можат да прераснат во насилство. Избегнувајте ги. Можно е да има терористички напад, дури и на оние места каде што има странски државјани. Можни се ситни кражби на аеродром или во поголемите градови. Внимавајте на вашите џебови и торби. Налето има многу пожари ширум целата земја. Во зима, пак, проблем се снегот и мразот. Загадувањето е голем проблем во земјата, па ако имате проблем со дишни патишта, советувајте се со вашиот лекар пред да патувате, советува австралискиот сајт.
Во однос на ковид-препораките, посочено е дека границите се отворени за нивните граѓани, меѓутоа дека треба да внимаваат на границите на другите земји низ кои треба да пројдат за да влезат или излезат од Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.