По гирото, уште еден удар врз џебот на туситите во Грција, Откако поскапе популарното гиро, најавено е и поскапување на суфлаки. Новоформираниот синдикат на производители на суфлаки од Атина објави традиционалното грчко свинско суфлаки може да поскапи до три евра. Како главна причина за тоа ја наведе цената на свинското месо во светот.
Синџирите за брза храна и продавачи на суфлаки во Грција, како што објави агенцијата АНА, се обидуваат да ја смират ситуацијата, но признаваат дека очекуваат дополноителни трошоци.
Многу од продавачите анкетирани од агенцијата изјавиле дека очекуваат да ги апсорбираат дополнителните трошоци и дека цените ќе останат непроменети. Дел од нив пак велат дека очекуваат пораст на цената од 10 евроценти.
Цената на свинското месо на светскиот пазар порасна поради поморот на свини во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.