Наместо во Солун или во Софија, последните неколку месеци хит за пазарење се Врање и Урошевац. Оние што биле велат дека за евтини пари може да се обнови гардеробата со популарни марки, но и да се касне добро во некоја од старите, веќе прочуени, врањски кафеани и меани. За оваа појава известуваат и локалните медиуми, кои велат дека бројот на Македонци во двата града северно од Македонија опасно би можел да парира на инвазијата на Кинезите на Париз и Венеција.

Ова е интересен феномен, бидејќи со години наназад трговските центри во Скопје буквално се преплавени со купувачи од Србија и Косово.

Некако преку ноќ, македонскиот стана втор официјален јазик во Врање, се шегуваат локалните медиуми и посочуваат дека има повеќе причини поради кои Македонците секој викенд се побројни го посетуваат српскиот град, меѓу кои добрата скара, но и слободното пушење во кафеаните – она што кај нас со години е забрането.

Угостителите веќе ја разиграа шемата со превозниците кои носат тури од Македонија до Врање за 300 денари во двата правци. Автобусите им ги носат гостите до пред влез, а внатре во кафеаните е се спремно од раните утрински часови. Прво се оди на шопинг, а потоа се разбира на ручек, добра скара и домашно вино и ракија. За пристојна цена од околу 2.500 динари (наши 1.200 денари) тројца може да ручаат екстра. Скара, салати, пијачка. Најпопуларен ресторан за Македонците е “Код баке на ручак”. Тука надвор на ред се чека, едни да станат за други на седнат да ручаат. Ништо помалку не се чека на ред за ручек во “Моравче”, “Стара механа”, “Скадарлија”, “Стари бунар”… Се организираат вистински гозби.


Целиот текст на Вечер.прес

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.