Легендарниот американски кошаркар Мајкл Џордан ужива на одмор на Јадранско Море.

Џордан крстари со јахта долга 95 метри изградена во 2020 година која има шест палуби, а нејзиното изнајмување чини милион евра неделно. По обиколката на Хрватска од Шибеник до Дубровник, Џордан пристигна во Црна Гора односно Порто Монтенегро. Неговиот приватен авион е паркиран на аеродромот во Тиват, а според пишувањата на црногорските медиуми тој најверојатно утре ќе си замине од Црна Гора.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.