Патувањето до плажите кои македонските граѓани најчесто ги посетуваат за разлика од лани, годинава е олеснето, но сепак условено.
Единствените дестинации за кои не се бара ковид документ и влезот е слободен за македонските државјани се Албанија и Црна Гора, каде дополнителна околност е и можноста да се патува само со лична карта.
Годинава конечно ќе може да се патува за Грција, но засега само преку граничниот премин „Богородица“. За патување е потребна потврда за примени било кои две дози вакцина, од кои втората најрано 14 дена пред патувањето, негативен ПЦР и антиген тест или доказ за прележан ковид-19. Дополнително, се пополнува онлајн формулар најдоцна 24 часа пред патувањето. Пограничните служби по случаен избор спроведуваат и брзо тестирање, а позитивен резултат ќе ве одведе во двонеделен карантин на товар на државата.
Со речиси идентични правила се и останатите летни дестинации најчесто посетувани од македонските државјани.
За влез во Турција, Бугарија и Хрватска неопходна е потполна вакцинација најмалку извршена пред 14 денови, или негативен ПЦР тест за невакцинираните. Овие земји прифаќаат и негативен антиген тест како и потврда за прележан ковид.
Словенија пак не ги прифаќа сите вакцини. Таму ќе можат да влезат само луѓето кои примиле две дози од „Фајзер“, „Астра зенека“ или „Синофарм“ вакцина.
Имнузацијата со овие типови вакцини ја прифаќа и Шпанија, ама тие се единствен билет за влез во државата. ПЦР тест или доказ за прележан ковид се неприфатливи за тамошните власти.
Патувањето во Египет е можно само со негативен ПЦР тест.
Тој е услов и за влез на Кипар, но островот може да се посети и со примени две дози вакцина од било кој производител.
Неизоставна дестинација месецов е и Романија, каде макеоднксите фудбалери ќе одиграат 2 натпревара од историското прво учество на европското првенство. Таму може да се замине без никакви условувања. Третиот натпревар, во Холандија нема да може да се следи од трибините се додека холандските власти не ја симнат земјава од црната ковид листа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.