Постојат неверојатно голем број колбаси, поточно преку илјада и петстотини видови, но во Берлин, и жителите и туристите, признаваат само една – каривурст. А овој вид колбаси немаше да постои ако не биле британската окупација по Втората светска бојна и една жена.
Каривурст (currywurst) е уличен колбас кој се прави од свинско месо и се сервира mit oder ohne darm (со или без кожичка).
Се сече на залачиња и се прелева со кечап кој може да има интензивен вкус на домати или да биде сладок и остар. Колбасот обично се сервира со помфрит или печиво. И онака вкусната порција потоа се попрскува со кари во прав. Сетоа ова натрупано во препочна чинија чини четири евра.
Многумина се прашуваат во што е тајнатаа на каривустот, а одговорот е во култирата која ги спојува доматот од Америка, колбасот од Германија и зачинот од Индија, храна во која ќе се пронајде секој човек на планетата.
Каривурстот е измислен во 1949 година.
Во Музејот на каривурстот велат дека оваа брза храна ја измислила продавачката Херта Хојвер. Таа продавала колбаси во британскиот дел за време на Студената војна во Берлин кога се договорила со војниците кои биле стационирани во градот – ако ѝ дадат кечап, таа да им дава алкохол. Така вели легендата.
Најдобри места за каривурст во Берлин
Curry 36
Curry Baude
Konopke’s Imbiss
Witty’s Organic Food
Bier’s Kudamm 195
Британците исто така имале мешавина од индиски зачини, па Херта почнала и од мешавината да става преку кечапот. Тоа било почеток на приказната за женското претприемништво кое довело до најомилената германска брза храна.
Британските работници обожавале каровурст пораади виското нови протеини, богатиот вкус и ниската цена. Така Херта отворила повеќе улични штандови на кои го продавала својот специјалитет, а други почнале да ја копираат. На крајот, вкусот победил, а каривурст се ослободил од корените на работничката класа, па почнале сите да го консумираат и да го сакаат.
Се проценува дека Германија годишно јаде 800 милиони порции каривурст, а од тоа во Берлин 70 милиони. Бизнисот на Хертаа згаснал во 1979 година, но каривуст денес е служи во преку 2000 штандови за брза храна во Берлин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.