Стеван Ставановиќ, коментаторот на Арена, кој им стана миленик на Македонците со преносите на натпреварите на европскиот шампион Вардар, за одмор ја избра Македонија. Стеван со сопругата летува во Охрид и Струга, а од сликите кои ги објавува се гледа дека ужива, но и дека е добредојден на охридското крајбрежје.

Преку ден се забавува на плажата Оревче, а навечер шетаат по кафулињата.

Ја посетија и позната работилница за бисери и добија пригодни подароци.

Свесно или несвесно, имајќи предвид колку следбеници има на социјалните мрежи, Стеван направи прекрасна искрена репортажа од Охрид и Струга, со многу емоции, и интимни моменти од топлото добредојде.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.