Британската кралица е подготвена да се откаже од возењето во јавни сообраќајници откако пред два месеца нејзиниот сопруг, принцот Филип, учествуваше во автомобилска несреќа. Кралицата е единствената личност во Велика Британија на која ѝ е дозволено да вози без дозвола, пишува „Дејли мејл“.

Се претпоставува дека кралицата одлучила да престане да вози по јавните сообраќајници по даден совет од членови на нејзиниот тим за безбедност, по судирот предизвикан од војводата од Единбург.

Кралицата наскоро ќе полни 93 години, а познато е дека ужива во возењето на бројни скапи автомобили од кралскиот возен парк.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.