Она што Јулијана го преживеала на грчка плажа денеска ги разгори коментарите на социјалните мрежи. Лошото искуство со келнерот оваа Србинка го сподели на групата „Live form Greece“, по што следуваа доста коментари со поддшка:
Денес мојата ќерка и јас доживеавме и навреда, но и разочарување. На сликата се гледа плажата на која уживавме од 21 јуни, како и Гркот кој после шест дена посетување буквално нè избрка од плажата. Се сместивме на лежалките околу 8 наутро, а кога тргнавме да влегуваме во море, се појави овој келнер и ладно ни рече да одиме подалеку од тука, зошто веќе не можел да не гледа. Кога го прашав зошто, рече зошто МРАЗЕЛ СРБИ. Многу ме погодија неговите зборови. Ми дојдоа солзи и затоа не сакав да одам. Побарав да зборувам со газдата, но келнерот ми рече дека тој е газда, што не верувам и после со раката ни покажа да си одиме од лежалките. Ова ми е 16-та година како доаѓам во Грција и никогаш не сум доживеала вакво нешто, сподели Јулијана.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.