Сик е арапски збор за окно, па затоа не е чудно што токму ова име му е дадено на преминот до древниот град Петра кој што е изграден во карпа.
Станува збор за град во карпа во Јордан, локација која што Европејците ја откриле дури на почетокот на 19-ти век.
Преминот е долг околу 1,2 километри, а неговата ширина на некои места достигнува и до два метри. Ѕидовите пак, се „искачуваат“ на висина од 91 до дури 182 метри.
Петра бил главен град на Набатеанците, а во периодот од 5-ти век пред Исус, до третиот век после Исус, овој град бил важен трговски центар во регионот. Сик го користеле за влез во градот со каравани, поточно за доаѓање пред славната ризница Ал Казнех.
Ризницата всушност била гробот на набатејскиот крал Артеас Трети кој подоцна бил претворен во храм.
Сик инаку е природно геолошко чудо кое што настанало со тектонско раздвојување и било обликувано од водата. Под самиот локалитет се пронајдени подземни простории чија што намена и ден денес претставува енигма за историчарите.
Се претпоставува дека на тоа место се наоѓале чуварите кои што го надгледувале влезот во Петра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.