Цената на комплет две лежалки со чадор за сонце по плажите во регионот и годинава многу варира во зависност од местото, но и од самото кафуле, позицијата, па дури и од датумот кога ќе ја посетите таа плажа.
Во Грција сè уште има кафулиња на плажа каде што добивате место и чадор само со конзумација, но сѐ повеќе и повеќе се оние кои поставуваат фиксна цена за две лежалки и чадор, која се движи од 4, со задолжителна конзумација, па до 20 евра. На пример, во Лептокарија има место каде што наплаќаат 2,5 евра по лице, цена во која следува и кафе по избор, а на Тасос, пак, се плаќа 12 евра за комплет без конзумација. Во некои за две лежалки во првиот ред од морето ќе треба да платите 10 евра, а за четвртиот ред 5 евра.
Naravno, bude i dosta viša na fensi plažama u luksuznim ležaljkama najbližim moru, što je ugođaj za koji je i prošle godine trebalo platiti i do 50 evra.
U Crnoj Gori je slična situacija, s rasponom cena i brojanjem redova.
Секако, многу повисоки цени има на „фенси“ местата, кои нудат „луксузни“ лежалки, за кои минатата година можеше да се бара и по 50 евра.
Слична е состојбата и во Црна Гора – цените варираат во зависност од тоа во кој ред се наоѓате.
Просечната цена за две лежалки со чадор изнесува 10 евра, но има и за 5, како и за 20 евра. Доколку се одлучите за полуксузни лежалки, т.н. кревети со чадори, кои се наоѓаат на поурбаните плажи, ќе треба да издвоите 40 евра за цел ден.
Во Хрватска просекот е нешто повисок, па за две лежалки и чадор треба да одвоите од 10 до 20 евра, а на Хвар таа цена достигнува и до 30 евра.
Албанија е најповолна во тој поглед. Како што пишуваат туристите на социјалните мрежи, во Валона се изнајмуваат два лежалки и чадор за 3,5 евра, а за 8 евра во Ксамил.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.