Хрватски Хвар е прогласен за најдобар и најубав остров во Европа, во изборот направен од читателите на реномираното списание „Конде наст травелер“.

Зад Хвар се грчките острови Миконос и Закинтос, португалска Мадеира и италијанска Искија.

Списанието истакнува дека Хвар е одлична дестинација преку целата година, особено поради топлите лета и благите зими, посочувајќи ја добро познатата статистика за Хвар – дека ова е најсончевиот остров во Хрватска, со повеќе од 2.800 сончеви часа годишно.

Со вкупна оценка од 96,56 од 100, Хвар е избран и за шести најдобар остров во светски рамки.

Ова светски престижното списание го нагласуваат и богатото историско наследство на Хвар, истакнувајќи ја Тврдината Фортика како споменик на културата што мора да се посети.

Исто така, се истакнува и познатата жетва на хрватска лаванда на Хвар, која станува една од главните особености во летните месеци.

Хвар ја освои титулата најдобар европски остров и 2019 година.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.