Поради глобалното затоплување се топат глечерите на Монт Еверест и се откриваат телата на настрадани планинари кои останале затрупани во снегот и мразот во обидот да го освојат највисокиот врв на светот. Некои се таму со години.
Повеќе од 4.800 планинари успеале да го совладаат највисокиот врв на светот Монт Еверест, но речиси 300 алпинисти настрадале во обид да му се спротвстават на „врвот на смртта“. Се верува дека две третини од телата сè уште се покриени со снег.

Со почетокот на пролетната сезона на планинарење, телата од кинеската страна на планината се преместуваат на север.
Поради климатските промени, и глобалното затоплување, големата снежна покривка, глечерите, почнаа да се топат, а телата кои беа закопани во снегот со години, сега излегуваат на површина. Симнавме тела на некои планинари, кои настрадале во последниве години, но сега се појавуваат постари, кои останале закопани во снегот, изјавил поранешниот претседател на непалското планинарско здружение Анг Черинг Шерп.
Пред две години во Кампот 1 беше пронајдена рака на еден од загинатите планинари. Тогаш беа ангажирани професионални планинари за да го пронајдат остатокот од телото.

Најмногу безживотни тела се пронајдени во Камп 4 поради рамниот терен
Истата година се појавило уште едно тело на површината на снежната покривка на Кумба.
Последните неколку години пронајдени се раце и нозе од повеќе загинати планинари”. Планинарите до сега успеале да ги извлечат од снегот телата на загинатите планинари во изминатите години, но за жал телата на оние кои ги изгубија животите многу порано сè уште се закопани во снегот.Приметивме дека нивото на мразот се намалува и затоа телата почнаа да излегуваат на површина, изјавил Дамбар Парахули, претседател на Планинарскто здружение на Непал.
Неколку истражувања покажале дека глечерите во овој регион се топат со голема брзина. Со истражувањето во 2015 година било откриено дека под сантата мраз на Кумба се наоѓаат две споени езера.

Уште една експедиција се занимава со овој проблем. Истражувачи од британскиот универзитет Лидс и Аберствит минатата година забележаа дека мразот се топи побрзо од очекуваното.

Забележана е минимална температура од −3.3C.
Телата кои се пронајдени на повисоките делови на Еверест, им служеле на планинарите како знаци за ориентација. Еден од нив е и точката „зелена чизма“ која се наоѓа во близина на врвот.

Зелените чизми на планинарот кој загинал на тоа место им покажуваат на останатите планинари по која патека треба да продолжат.

Експертите наведуваат дека откопувањето и пренесувањето на телата на загинатите планинари е тежок процес и потребни се од 40.000 до 80.000 долари за да успее оваа акција.
Еден од најтешките предизвици беше на висина од 8700.метри. Телото беше смрзнато и тежеше 150 килограми, а местото на коешто лежеше беше недостапно, вели Парахули.

Кога планинарите ќе пронајдат мртво тело, се прашуваат што да прават со него.
Тоа е лична одлука, повеќето од планинарите велат доколку некој погинал на планина, таму и треба да остане, па пренесувањето на телата некој би го протолкувал како непочитување на мртвите, вели Анг Черинг Шерп.
Извор Данас.рс
Фото: БГднес
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.