Најубавиот белгиски град Бриж воведува посебни мерки за туристите за да не се претвори во нов Дизниленд, објасни градоначалникот. Градот нема да може да се посети во секој момент, бидејќи градските власти го ограничуваат бројот на туристите кои го посетуваат Бриж.
Во пристанишето нема да бидат дозволени повеќе од два крузери, а досега беа дозволени пет. Доаѓањето на бродовите ќе се договара во работен ден, но не и за време на викендот.
Минатата година Бриж, уште познат и како „град од бајките“ го посетиле повеќе од осум милиони туристи.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.