Светскиот рекет број еден, Новак Ѓоковиќ ја посети „пирамидата на Сонцето“, која се издига над босанскиот средновековен град Високо, која е една од главните атракции во мноштвото локации кои се поврзуваат со босанската „долина на пирамидите“.
Ѓоковиќ таму и медитираше. Познато е дека Новак во природата ја пронаоѓа силата и менталниот мир и често пати медитира.
Замислите дека вашиот ум е чисто небо, а вашите мисли се облаци. Облаците констатно минуваат, но тие не се вашиот ум – ако се поврзете веднаш со облаците, вашиот ум ја губи перцепцијата за тоа чисто небо. Важно е да се согледуваат работите од таа перспектива бидејќи тогаш можеш да ги бираш мислите и емоциите со кои сакаш да се поврзеш. Затоа медитацијата е толку важна, рече Ѓоковиќ.
Iako ja ne vjerujem, i vecina ovdje, u ova alternativna metafizicka sranja, ja bih ovo reklamirao. Ja bih ovo zestoko reklamirao. Imaju milioni onih na svijetu koji vjeruju i koji bi dosli turisticki posjetiti piramide.
E pa kad bi dosli, bujrum. pic.twitter.com/GekzfpHy6h
— Професор 🇪🇺 (@NerminPadez) July 13, 2020
Новак Ѓоковиќ со неговите родители во понеделникот пристигна во Сараево, а потоа го посети местото Високо, каде беше во обиколка на „босанските пирамиди“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.