Хрватскиот портал Индекс.хр објави текст од 1970 година за тоа како Германците пишувале за Југославија и туризмот на овие простори.

Мај 1979: Југославија е рај за млади, но не и за оние кои бараат дрога!, тврди западногерманскиот месечник за млади „Твин“. Детално опишува колку чинат хотелите, колку храната, колку мора да се потроши за крстарење по Јадранот, а колку ако се сака да се кампува. Посебно се опишуваат камповите и плажите за нудисти.

Во Југославија, пишува „Твен“, голотијата не е забранета ако се покажува на капалиште или летувалиште кое е одредено за љубителите на нудизмот.  Нудистите не мора да стравуваат од оние кои се наоружани со двоглед или со чамци пристигнуваат во „лов на возбуда“, нив ги бркаат не само нудистите туку и месната власт – полицијата.

 

Во изборот на списанието за најдобро туристичко место без двоумење се истакнува Кавтат. Велат дека ова градче го посетуваат 60 отсто млади туристи, дека има повеќе од 60 отсто девојки кои со задоволство шират познанства, а меѓу нив се млади дами од Англија, Скандинавија, и Германија. На второ место е Дубровник, потоа Пореч, Сплит и Крк.

За оние кои сметаат дека во Југославија се исплати да се дојде зошто дрогата може ефтино да се набави подобро е да продолжат до Турција. Полицијата, се вели во „Твин“, многу внимателно ги контролира местата каде дрогата би можело да се продава и интервенира многу енергично.

Дали Југославија за младите е ветената земја? И е и не е. „Твен“ пишува дека е ефтино крстарењето со едрилици, дека е ефтино патувањето од место до место ако се спие во мали хотели и пансиони или во приватно сместување, но станува значително послапо од Шпанија, на пример, ако се сака уредно да се сместите и храните.



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.