Пластично цвеќе, ветерници и кломпи се главните сувенири во холандскиот град Амстердам, а воедно и двигател на градската екомонија. Сепак, локалната самоуправа ја забрани експанзијата на овие сувенири.

Уставниот суд во Холандија ја поддржа забраната на амстердамските власти да го спречи отворањето на нови продавници во срцето на градот каде што се продаваат сувенири. Ова е само уште борба на власта против масовниот туризам. Претходно беше отстранет симболот на градот „I amsterdam“, а сега се размислува и за отстрануање на улицата на Црвените фенери каде што туристите ги фотографираат сексуалните работнички кои чекаат клиенти.

Забраната за отворање на новите продавници стапи на сила во октомври 2017 година и го прекршува ниту еден закон на Европската унија. Целта на забраната е да се проретчат продавниците кои продаваат сувенири и го отежнуваат животот на жителите на Амстердам.

Амстердам, кој брои 741 илјади жители годишно го посетуваат девет милиони туристи поради што неговите жители имаат проблеми.

 



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.