Велосипедистот Џеки Чен (40) од Тајван пристигна во Шибеник. Досега има поминато 40.000 километри и има видено околу 60 земји. Патувањето на Џеки Чен почна во јуни 2015 година на Алјаска, од каде што отпатува за Јужна Америка и со авион слета во Европа. Патувањето ќе го продолжи во Турција.
Џеки има слично име како познатиот хонгконшки актер и стана ѕвезда во многу градови, особено помалите.
Читав книги за патувањата во светот, за неговата неверојатна убавина, и отсекогаш сакав да ја видам планетата. Инаку, јас сум инженер по струка и работев во индустријата за електроника и заштедив малку пари за почеток. Но, се разбира, ова не е доволно, но се снаоѓам. Спијам кај добри луѓе, некои ми даваат пари, некои храна, но честопати застанувам покрај патот и спијам во шатор“, изјави Чен за портал од Шибеник.
Во последните две и пол години потрошил околу 250 долари на патот. Неговата цел е да се врати дома на Тајван, да објави книга за своите впечатоци и да ги охрабри луѓето да си ги исполнат своите соништа.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Comments are closed for this post.